Почетна Убавина и здравје Вистината за дисквалификацијата на Холандија – Убавина и здравје

Вистината за дисквалификацијата на Холандија – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Холандскиот музичар Јост Клајн беше исфрлен од Евровизија минатиот викенд по наводен скандал со новинарка.

Бидејќи сите информации за споменатиот инцидент се уште не ѝ се познати на јавноста, на големо се расправа дали било праведно да се дисквалификува музичарот кој важеше за еден од фаворитите на натпреварот.

Организаторите го бранат својот потег да го исфрлат од финалето, посочувајќи дека „холандската страна на приказната не е конзистентна со изјавите на сведоците и на оние кои работеле на лице место“.

Јост Клајн за неколку недели може да биде кривично гонет поради обвиненијата дека му се заканувал на снимател кој работел на Евровизијата во Малме, Шведска, градот домаќин на ова натпреварување.


Поврзани објави

Како што пренесува „NL Times“, тој наводно, за време на испитувањето во врска со инцидентот, самиот признал дека го предизвикал инцидентот што се случил во четвртокот вечерта.

Извори за шведскиот весник „Афтонбладет“ изјавија дека Клајн се вознемирил од толпата фотографи и видеорепортери кои му се приближиле, и дека тргнал кон еден од нив со тупаница.

Иако тој наводно не ја удрил новинарката, камерата ѝ е оштетена и таа покажала дека се здобила со исекотина, пренесува шведскиот весник.

Повеќе сведоци ѝ кажале на полицијата дека тој бил „многу агресивен“, но и дека набргу по инцидентот се извинил и рекол дека му е жал.

И покрај неговото каење, полицијата му објаснила на шведскиот јавен радиодифузен сервис СВТ дека веруваат дека доказите против Клајн се силни и дека кривичното гонење изгледа е неизбежно.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING