Почетна Економија (Видео) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

(Видео) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

од nenad
2 минути читај за




Ја поздравуваме одлуката на Владата, убаво е што Владата прифати една мерка од предложените решенија на СДСМ, добро е што заеднички се носат од полза на граѓаните, но советничката група на СДСМ бара Советот на Град Скопје да донесе Заклучок со којшто ќе се поддржат сите три предложени решенија, рече координаторката на Советничката група на СДСМ во Советот на град Скопјем Љубица Јанчева.

-Прво, измени и дополнување на Законот за финансиска поддршка на општините и јавните претпријатија основани од нив. Овој закон беше донесен во 2018 година од нашата Влада, и со него се уредуваат сервисираните долговите на општините, вклучително и долгот на Град Скопје. Значи бараме измена и дополна на тој закон за да се примени и во случајот со Град Скопје. Во голем дел ќе се совпадне со веќе доспеаните долгови. По скратена постапка, СДСМ се нуди пратеничката група да го поднесе но сите да го поддржат. Втор предлог е владата да донесе одлука за доделување субвенции-евро дизел гориво од државните резерви за нафта. Убаво е што Владата прифати една мерка од предложените решенија на СДСМ но треба да се прецизира и затоа треба да остане и во заклучокот. Дополнително не го знаеме износот на субвенционираното дизел гориво. Ние предлагаме да се бајпасира целиот кризен период до крајот на годината. Добро е да мислиме 3 чекори нанапред. И последниот предлог е предлагаме, со закучокт пратениците во Собранието на да иницираат свикување на Надзорна расправа во Собранието за состојбата во Град Скопје. Одржувањето на надзорната расправа би било примерот на претходните расправи, за прашања од јавен интерес, рече Јанчева.

Консезулано да ги донесеме и конструктивно преку дебати да најдеме заеднички јазик, за доброто на Скопје, за да не трпат граѓаните на главниот град, додаде Јанчева.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING