Венецуелската актерка Кораима Торес, познатата Касандра, пред два дена пристигна во Србија, а нејзиниот изглед никого не остави рамнодушен.
Касандра има 51 година, а на нејзиниот одличен изглед можат да ѝ позавидат и двојно помлади девојки. Актерката е многу активна на својот инстаграм-профил каде речиси секојдневно објавува фотографии и видеа од приватниот живот.
Особено внимание привлече оној во кој е снимена во костим за капење каде гордо го покажува своето тело.
Во преден план беа извајаните стомачни мускули, како и бујните гради, а на многумина им паднаа вилиците кога ја видоа во ова издание.
Поврзани објави
Да потсетиме, ова не е првпат Касандра да е во Србија. Таа го посети Белград и во 2017 година, а потоа ги посетила и Нови Сад и Ниш. Како што рекла тогаш, Србија има посебно место во нејзиното срце.
Гледам дека сте добар народ, срцето ми е полно и многу ве сакам сите – рекла тогаш Кораима.
Како што напишаа српските медиуми, Кораима Торес ќе се приклучи на актерската екипа на популарната српска серија „Игра на судбината“ како специјален гостин.
Фото: Инстаграм Принтскрин @lacoraima https://www.instagram.com/reel/C7g3h2zuREj/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading