Почетна Технологија (ВИДЕО) СДСМ: Нема нови автобуси во Скопје само заради ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) СДСМ: Нема нови автобуси во Скопје само заради ВМРО-ДПМНЕ

од nenad
1 минути читај за




                     ВМРО-ДПМНЕ  не дозволи да се набават нови автобуси за ЈСП „Скопје“ . На денешната седница на Советот на Град Скопје, сите советнички групи гласаа „за“, а само советниците на ДПМНЕ не гласаа за одлуката, за набавка на нови автобуси.Нема нови автобуси во Скопје само заради ВМРО-ДПМНЕ, и со ова уште еднаш покажаа дека не само што не им е грижа за граѓаните , туку продолжуваат да ги малтретираат граѓаните.

На Советот на Град Скопје, зборуваше советничката на СДСМ Љубица Јанчева, која им се обрати на советниците на ДПМНЕ. „ Иако беше образложено зошто БРТ е најдобриот концепт за Скопје и тој не победи, ќе прашам,  250 автобуси кои ги ветивте каде се ? Бесплатниот јавен превоз каде е? Што е и со програмата за модерно Скопје, ја имате ли? Ако ја имате, зошто не ја реализирате? Она што ќе ви каже Мицко, вие само за тоа  гласате„ рече Јанчева.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING