Почетна Македонија (ВИДЕО) Реал со победа против Борусија до 15. титула во Лигата на шампионите

(ВИДЕО) Реал со победа против Борусија до 15. титула во Лигата на шампионите

од nenad
2 минути читај за




Реал Мадрид е новиот европски шампион. „Кралевите“ вечерва ја оправадаа фаворитската улога и славеа победа од 2:0 против Борусија Дортмунд. Имаше Борусија свои прилики, првата голема ја пропушти Адејеми кога излезе „еден на еден“ со Куртоа, но Белгиецот лошо реагираше и не успеа да ја затресе мрежата.

   

 

Тоа беше и најголемата прилика во првото полувреме во кое не видовме погодоци. Борусија знаеше да се закани и беше поконкретна, но како што одминуваше времето Реал Мадрид имаше се поголем посед на топката и изгледаше дека ја презема контролата.

Таквата игра се исплатеше во 74. минута кога Тони Крос изведе еден одличен корнер, а Дани Карвахал со глава ја смести топката во мрежата. Точка на финалето беше ставена десетина минути подоцна кога Винисиус Жуниор го матираше Кобел за 2:0.

 

На три минути пред крајот Филкруг успеа да го погоди голот на Реал, но по асистенција на помошникот, голот беше поништен поради офсајд.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING