Почетна Економија (ВИДЕО) ПРВОТО ДЕТЕ ГО РОДИВ НА 13 ГОДИНИ, А НА 36 ГОДИНИ СТАНАВ БАБА Тиктокерка шокираше со својата животна приказна

(ВИДЕО) ПРВОТО ДЕТЕ ГО РОДИВ НА 13 ГОДИНИ, А НА 36 ГОДИНИ СТАНАВ БАБА Тиктокерка шокираше со својата животна приказна

од nenad
2 минути читај за

Во својата несекојдневна семејна приказна, Мишел, која има уште три деца, раскажува дека нејзината најстара ќерка завршила средно училиште истата година кога нејзината најмлада ќерка почнала во предучилиште. Исто така, открива дека нејзините сестри станале тетки пред да станат тинејџерки.

Жена по име Мишел Далтон, инаку тиктокерка во слободно време, раскажува како многумина мислат дека нејзината ќерка всушност ѝ е сестра, бидејќи таа ја родила многу млада – кога имала само 13 години. На ТикТок, Мишел открила дека таа и нејзиното 23-годишно дете, кое сега има свои деца, се многу блиски, пишува The Sun. Сепак, признала дека не секогаш било лесно. По породувањето се соочила со многу осуди и критики од околината, а некои ѝ кажале дека треба да ја даде ќерката на посвојување.

– Често морам на луѓето да им објаснувам дека таа е мојата ќерка, а не сестра – вели Мишел.

Во својата несекојдневна семејна приказна, Мишел, која има уште три деца, раскажува дека нејзината најстара ќерка завршила средно училиште истата година кога нејзината најмлада ќерка почнала во предучилиште. Исто така, открива дека нејзините сестри станале тетки пред да станат тинејџерки. Мишел вели дека сама ги одгледала своите деца, без помош од своите родители. Со своето искуство сака да им порача на младите мајки дека секогаш ќе ги има оние кои ќе осудуваат, но тоа не треба да влијае на нивната одлука.

– Да не го задржев моето дете на 13 години, денес не би уживала во прекрасниот живот со мојата 23-годишна ќерка и нејзините две бебиња. Мајките тинејџерки можат сè – порачува таа. Видеото со нејзината интересна животна приказна собра повеќе од шест милиони прегледи.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING