Почетна Македонија (Видео) Пожар на Халкидики: Пожарникарите се борат со огнената стихија, испратени и хеликоптери

(Видео) Пожар на Халкидики: Пожарникарите се борат со огнената стихија, испратени и хеликоптери

од nenad
1 минути читај за




Пожари во моментов беснеат на повеќе места во Грција, а според грчките медиуми еден избувнал и на Халкидики во Полигирос. Како што пренесуваат медиумите, на помош на пожарникарите им пристигнале и хеликоптери кои интензивно се вклучиле во гаснењето на пожарот. Според информациите што ги пренесе Grtimes.gr, на Халкидики гори земјоделско земјиште, но засега не е загрозена ниту една станбена површина.

   

Противпожарната единица составена од 22 пожарникари со девет водени возила и хеликоптер кои помагаат од воздух е лоцирана и работи на местото на настанот. Исто така, голем пожар избувна во близина на Патра на Пелопонез.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING