Почетна Македонија (ВИДЕО) МВР: Сите граѓани треба да се чувствуваат безбедно

(ВИДЕО) МВР: Сите граѓани треба да се чувствуваат безбедно

од nenad
2 минути читај за




Во врска со денешниот настан на убиство што се случи во главниот град, сакам да ги известам граѓаните дека полицијата реагираше веднаш со сите расположливи ресурси, вклучувајќи ги комбинирани полициски и истражни методи. Итно беа активирани и преземени сите мерки, со цел да се обезбеди безбедноста на граѓаните.
“Нашата цел е да не дозволиме градот и државата да се претворат во полигон на пресметки на криминални групи. Законот и редот се и ќе бидат над криминално-мафијашките структури.
Криминалот нема етничка или партиска припадност, а нашиот одговор е и ќе биде жесток и без компромис.
Сите граѓани треба да се чувствуваат безбедно, а ние ќе продолжиме да работиме со најголема одговорност и ангажираност за да се оствари тоа.
Ве молиме да бидете внимателни и да соработувате со полицијата. Вашата безбедност е наш приоритет и нема да се задоволиме додека не го вратиме спокојот и сигурноста во нашиот град.
Македонија е над се и држава за сите нас, во која сите ние и нашите деца треба да живееме и да се чувствуваме безбедно”, вели МВР.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING