Почетна Македонија (ВИДЕО) Мадиќ: Имаме кредибилен, фер и демократски процес за избор на претседател на СДСМ, излезноста е 54 %

(ВИДЕО) Мадиќ: Имаме кредибилен, фер и демократски процес за избор на претседател на СДСМ, излезноста е 54 %

од nenad
2 минути читај за

По завршување на гласањето на вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ Централната изборна комисија со задоволство контатира дека имаме кредибилен и демократски процес за избор на претседател на СДСМ.

   

Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено и мирно, во фер и демократска атмосфера.

Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ, до 19.45 часот излезени се 12.608 членови или 54%.Сите 77 избирачки места беа отворени и општинските изборни комисии го спроведоа согласно Правилниците донесени од ЦО и одредбите од Статутот на партијата.

Во општинската Студеничани е констатирано предвреме затворање на избирачкото место поради што Централната комисија одлучи да го поништи гласањето.Вкупно акредитрани во оваа општина се 66 гласачи а во моментот на затворањето на ова гласачко место гласале 51 гласач.Констатиран е прекин на гласањето во општина Гевгелија од 10 минути поради скршена избирачка кутија. Извршена е замена на кутија и гласањето е продолжено.

Прифатени се приговори во 6 општински организации, на 7 членови да им се овозможи гласање. Затоа што по проверка во системот се констатираше дека овие членови се акредитирале и се регистрирале во системот за активна регистрација.

Вкупно 44 членови од 9 различни општини доставија пријави до Централната изборна комисија да им биде овозможено да може да гласаат. Овие приговори се одбиени поради тоа што по проверка во системот се контстатираше дека не се акредитирани преку активна регистрација и не е доставен образец за активна регистрација.

Сите овие примери коишто ги наведов сенезначителни и немаат речиси никакво влијание на целиот процес, но во име на транспратеноста и информираноста на членовите и на јавноста ги соопштуваме.Упатуваме благодарност во име на Централната изборна комисија за сите коишто беа дел од овој успешен и демократски процес на внатрепартиски избори.По завршување на обработката на податоците Централната изборна комисија ќе ги соопшти и конечните резултати.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING