Доцнење на автобуси, преголем метеж, чести дефекти и тотална дисфункционалност. Состојбата со јавниот сообраќајен превоз во главниот град на државава кулминираше вчера кога се создаде метеж на автобуските постројки од граѓани кои со часови чекаа да пристигне автобусот.
Во меѓувреме, владата на вонредна седница донесе одлука да се вклучи во решавање на проблемот со ЈСП. Донесена е одлука со која се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, со што, се овозможува да му се позајмат на Градот Скопје дел од нафтените резерви на државата. После ова, останува да видиме дали и како скопските граѓани ќе имаат редовен и функционален јавен превоз.