Почетна Технологија ВИДЕО: Зелката ќе се скисели на нивите, извозот секна, пазарот презаситен

ВИДЕО: Зелката ќе се скисели на нивите, извозот секна, пазарот презаситен

од nenad
4 минути читај за

Table of Contents

Земјоделци признаваат дека претераа со садење на зелка. Таа бара помали трошоци и е полесна за одгледување. Големи количини што останаа на новите се газат со трактори, а се нудат и бесплатно Разочарани земјоделци со трактори газат преку огромни ниви со зелки, некои земјоделци јавно го објавуваат и својот телефон поканувајќи ги заинтересираните семејства да дојдат и да си наберат зелка колку што сакаат, а има и такви што нудат да испратат вреќа од 15 килограми за 350 денари, каде и да е низ Македонија со бесплатна испорака.

Социјалните мрежи вријат од незадоволните земјоделци. Трговците сега ја откупуваат зелката по 6 денари за килограм, а на зелените пазари во Скопје се продава од 20 до 25 денари за еден килограм. Земјоделците алармираат дека за десетина дена зелката ќе скапе на нивите. Младен Атанасов од Струмичко, кој нуди бесплатна зелка преку Фејсбук, во изјава за „Слободен печат“ вели дека е подобро да ја дели на народот, туку да ја остави да се расипе на нивите. Дел од зелката тој продал, но сè уште му останала голема количина.

– До пред 10 дена имавме извоз. Трговците ја откупуваа зелката и таа се продаваше во Украина, Полска, Хрватска, Босна … Но, сега веќе и ти имаат поголеми количини и едноставно извозот запре. Во Струмичко има доста магацини, има кај да се однесе зелката, но пролетната зелка не е производ кој се конзервира, а од друга страна пазарот и во регионот и кај нас е презаситен – објаснува Атанасов.
Младен Атанасов: Еве ја нивата, повелете, да не пропадне зелкатa.
Тој вели дека и самите земјоделци носат дел од вината за ова што сега се случува, затоа што има преголемо производство.
– Зелката се повеќе се сади и тоа на огромни површини. Таа бара и помал трошок и е полесна за работа. На пример, пиперот „капија“ колку и да го има, толку ќе се откупи. Тутунот пак, има договорно производство. Јас со години садам неколку култури: зелка, пченка, кикиритки – раскажува Атанасов.

Тој вели дека и од младата зелка некои земјоделци годинава добро заработеа. Зелката што почна да се продава од 15 март, а која беше под најлон имаше продажна цена на големо по 40 денари. До конституирањето на Владата не може да се интервенира со некоја посебна мерка за заштита на земјоделците. Од Министерството за земјоделство најавуваат дека земјоделците нема да бидат препуштени самите на себе. Оттаму велат дека посетиле повеќе производители на зелка и дека се договориле за нова мерка која би требала да се спроведе по конституирањето на Владата.

– Ние докажавме дека интервенираме секогаш кога имало ниски откупни цени, или зголемени трошоци на земјоделецот. Така беше и во 2022 година, кога исто зелката имаше ниска откупна цена и кога преку Интервентната програма им излеговме во пресрет на земјоделците со исплата на 3 денари по килограм, а исплативме 41,7 милиони денари за 1.630 корисници. Поддршка за производителите на зелка имавме обезбедено и во Интерветната програма за 2023 година-велат од Министерството за земјоделство.

Неодамна министерот за земјоделство Љупчо Николовски објави податоци, според кои во 2023 е направен рекорден извоз на зелка од 29,9 милиони евра. Просечната цена на извозната зелка била 0,47 евра по килограм, што е највисока евидентирана досега.

Пред еден месец на терен излезе и дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Тој рече дека „откупот тече споро, има побарувања од странскиот пазар, но Министерството и Владата заради незаинтересираност не го следат процесот на откуп со што директно се оштетени земјоделците“. Притоа, Трипуновски обвини дека „ова е резултат на лошите земјоделски политики на СДС кои наместо да обезбедат извоз, тие се насочија кон увоз на земјоделски производи“.

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ во доменот на земјоделството се темели на три основни цели кои, според најавите, ќе бидат водилка во наредниот период. Првата цел е зголемување на конкурентноста и подобрување на доходот на земјоделците во Македонија. Втората цел е воведување на нови технологии и иновации со кои ќе се намалува влијанието на неповолните климатски фактори коишто се сè поголеми. И третата цел е развој на руралните средини со цел задржување на населението. За остварување на овие цели во рамки на еден четиригодишен мандат ќе се потрошат 800 милиони евра, а се ветува и зајакнување на капацитетите на Платежната агенција со што ќе се забрза искористување на ИПАРД средствата во поголема износ.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING