Почетна Технологија ВИДЕО: Вo Шпанија уапсен еден од најбараните наркобосови во Србија, по криминалниот клан се трагало 3 години

ВИДЕО: Вo Шпанија уапсен еден од најбараните наркобосови во Србија, по криминалниот клан се трагало 3 години

од nenad
3 минути читај за




Шпанската полиција разби српска организирана криминална група осомничена дека го нападнала домот на ривалскиот клан од Србија минатиот јануари. Во акцијата беа уапсени 11 лица, меѓу кои и лидерот, по кого Србија распиша потерница уште во 2021 година. Во провинциите Малага, Мадрид и Барселона се извршени апсења поради вмешаност во криминални дејствија – киднапирање, грабеж со насилство, недозволено поседување оружје, телесни повреди, фалсификување документи, трговија со дрога и членство во криминална организација. Во акцијата на шпанската полиција одземени се три парчиња огнено оружјо. На некои им беа избришани сериските броеви. Запленети се и сто парчиња муниција, седум лажни лични документи, дрон и 16.000 евра во кеш.

   

Извршени се и седум претреси, од кои пет во Естепона. Меѓу уапсените е и водачот на криминална група по која Србија распишала потерница во 2021 година. Тој е еден од најбараните луѓе во Србија. Кога напаѓачите биле идентификувани со помош на Службата за борба против организиран криминал на Република Србија, било утврдено дека лидерот бил поврзан со трговија со дрога. Истрагата започна лани во јануари кога агентите дознале дека пет Срби дошле во болница во Малага со сериозни повреди. Тогаш било откриено дека биле нападнати во куќата во која живееле. Наводно, во нападот било употребено и огнено оружје.
„Србите беа врзани и тепани, пишуваат шпанските медиуми.

Претепаните Срби тогаш не сакале да соработуваат со полицијата, поради што шпанската полиција со колегите од Србија проверила кој би можел да биде потенцијалниот сторител. Тогаш дошле до сознание дека се работи за „опасни криминалци“. Инспекторите се посомневале дека овој напад би можел да биде мотивиран од конфронтација меѓу српските кланови, а по претресот на куќата во која се случил нападот, било јасно дека се работи за сериозен напад бидејќи пронашле „обилни количества крв низ целиот имот“ во куќа.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING