Почетна Македонија (Видео) Богоевски: Не постои Олимписки комитет кој ги тренира спортистите, тоа е работа на спортските клубови во Македонија

(Видео) Богоевски: Не постои Олимписки комитет кој ги тренира спортистите, тоа е работа на спортските клубови во Македонија

од nenad
1 минути читај за

Во најновото издание на „Стадион“ на Канал 77 гостува Владимир Богоевски, спортски директор на Македонскиот олимписки комитет, кој говори за учеството на македонските спортисти на меѓународни натпревари, но и за олимпијците без норма.

Како што кажа тој, Олимпискиот комитет на Македонија има своја автономија и независност, но и сите федерации во земјава ја уживаат ваквата привилегија.

  • За појаснување на јавноста, ние не сме тие кои ги создаваат спортистите, туку тоа е работа на клубовите, кои работат во креирање на селекција и вложување на нивниот тим и стручен кадар. Во моментот кога дел од тие спортисти ќе постигнат високо – меѓународно ниво, тогаш Олимпискиот комитет на Македонија презема дел од тие спортисти под свои закрила и ја дава неопходната поддршка за настапи на европски и светски турнири, потенцира Богоевски.

 

Според него, вложувањето во спортот е неопходно, имајќи предвид дека само на тој начин можеме да инвестираме во најдобра можна промоција на сосптвената држава. Целото интервју може да го проследите на линкот подолу:

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING