22
Maкедонската најдобра фудбалерка Наташа Андонова постигна два гола на дебито во Саудиска Арабија во дресот на Ал Шабаб. Андонова која веднаш ја доби честа да биде и капитен на тимот на Ал Шабаб блесна во вистинско светло уште во првиот натпревар. Ал Шабаб славеше победа од 0:4 против Ал-Тараџи, а Андонова со двата постигнати погодоци беше една од најдобрите на теренот. Во редовите на Ал Шабаб Андонова пристигна од Леванте, а претходбо беше дел од Барселона, ПСЖ, Росенгард Турбине Потсдам, Борец и Тиквешанка.