Најчестата пријавена област на дискриминација во земјава има кај работните односи, следуваат јавното информирање и медиумите заедно со социјалните мрежи, родово базираната дискриминација, но и пристапот до јавни добра и услуги.
Во овие области морам да нагласам дека граѓаните најчесто пријавуваат случаи на повеќекратна дискриминација, а ваквите состојби всушност и преовладуваат во претставките кои се водат пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, вели членот на Комисијата, Игор Јадровски.
– Во изминативе четири години од формирањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација можеме да видиме еден тренд на повторување на областите и основите во кои е присутна дискримиминацијата.
Затоа во таа насока Комисијата работи на доближување до граѓаните, а особено до маргинализираните категории граѓани, кои во Комисијата треба да гледаат „безбеден простор“ за пријавување на случаи на дискриминација – посочува Јадровски.
Коментирајќи ги најавите за промени во членот за заштита од дискриминација предвидени во Законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование, а најавени од страна на МОН, со кои во членот од Законот се отстрануваат дискриминаторските основи род, сексуална ориентација и родов идентитет со предлогот на ресорното министерство за нивно отстранување, Јадровски смета дека претставува праќање на политичка порака.
– Точно е дека имаше најави дека овие три дискриминаторски основи од постоечкиот законски текст ќе бидат тргнати. Тука морам да нагласам дека тие во моментов постојат во постоечкиот законскиот текст, меѓутоа во пракса во смисла на заштита од дискриминација кога одреден ученик ќе биде дискримниран врз основа на овие три дискриминаторски основи можеби нема да значи ништо пред Комисијата.
Но, ова претставува праќање на политичка порака до оние кои можеби ќе се почуствуваат како дискриминирани врз еден од овие три основи, а со тоа можеби кај нив овие промени ќе влијаат обесхрабрувачки во барањето на заштита. Иако со промените со кои се најавени овие основи можеби ќе бидат изоставени во Законот за основно образование, тие сепак постојат во друг облик и врз основа на нив ќе може да се бара заштита пред Комисијата – објаснува Јадровски.
Повеќе од разговорот со Јадровски во видеото во продолжение.