Почетна Македонија (ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Дороти Пачкова: „Женските кругови“ повторно мора да се вратат

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Дороти Пачкова: „Женските кругови“ повторно мора да се вратат

од nenad
2 минути читај за

Што е женски круг? Потребата жените да се солидализираат, социјализираат, дружат, поддржуваат, помагаат, сослушуваат … постои отсекогаш, од древните цивилизации, но како тоа престанува да се случува и зошто е навистина дискутабилно, вели за „Слободен печат“, м-р Дороти Пачкова, активистка, холистичка консултантка, спиритуална номадка, водителка за женски кругови. Пачкова е првата водителка за женски кругови во Македонија, вешто се обидува да го врати некогашниот пат на поврзување на жената со жена, како што вели, на најдобриот можен начин, како што живееле нашите предци.

   

-Зошто низ годините жнските кругови не биле во подем и зошто не сме знаеле јас, ти, нашите генерации, додека сме растеле за постоењето на вакво нешто, е вистина интересно да се размислува. И покрај сите силни заложби ние сè уште влечеме корени од патријархатот, па така дојде и логичниот одговор на она, зошто не постоеле женските кругови, зошто ние не сме растеле во женските кругови. Исто така, секој пат кога неформално ќе се обедините со некоја жена и ќе ѝ дадете простор да биде слушната, да биде видена, да биде прифатена во својот вистинско свето и тоа е еден вид на женски круг. Кога го слушнав и кога го разбрав постоењето на оваа формација женските кругови, сфатив дека интуитивно, безброј пати, низ минатата деценија на работење и на искрени заложби, сум создала безброј женските кругови – вели Пачкова. Таа поминала обуки за водителка во Србија и е во постојан контакт со водителките на женски кругови од регионот.

-Сите ние кои сме дале така голем општествен придонес, сфативме дека не е само тоа, дека нешто ни недостасувало. Тоа го сфативме со учеството на нашиот прв женски круг на активистки од Балканот, дека нешто недостасува, дека користиме многу машки алатки за активизам, дека бинарността, како што спомнавме, да се сруши сè уште и да се почне од почеток, е тешко достижна за луѓето – вели таа. Во Македонија првиот собир на женскиот круг се случи на 8 март, а вториот е веќе закажан за 10 јуни во Еуроп хаус.

Целиот разговор погледнете го во продолжение:

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING