Почетна Балкан Вељко Ражнатовиќ со синовите и бремената сопруга испрати емотивна велигденска честитка

Вељко Ражнатовиќ со синовите и бремената сопруга испрати емотивна велигденска честитка

од nenad
2 минути читај за
Вељко Ражнатовиќ со синовите и бремената сопруга испрати емотивна велигденска честитка

Боксерот Вељко Ражнатовиќ на посебен начин го честиташе најсреќниот празник во годината.

Вељко на Инстаграм објави семејна фотографија со бремената сопруга Богдана и синовите, каде упати честитка за Велигден.

-Христос Воскресе браќа и сестри и се најдобро од срце од мене и моето семејство. Нека Христос царува во сите нас, бидејќи Христос е син Божји и победник на смртта. Бидете живи и здрави, напиша Вељко.

Богдана ретко може да се види во јавноста бидејќи се труди да ужива во благословената состојба далеку од очите на медиумите, но овој пат го покажа својот труднички стомак. Брачниот пар наскоро очекува трет син.

Богдана и Вељко Ражнатовиќ го добија својот прв наследник на 6 јуни 2020 година и момчето го крстија Жељко, а потоа минатата година нивното семејство стана побогато со уште еден член – Крстан, додека наскоро ќе добијат трет син кој ќе го носи името Илијан.

Извор : Kurir.mk

Вељко Ражнатовиќ со синовите и бремената сопруга испрати емотивна велигденска честитка

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING