Вермут тортата е вистински домаќински десерт со богат вкус на којшто никој не може да му одолее
Сигурно не сте ја пробале оваа торта досега! Двата вида чоколадо ѝ даваат посебен шмек, а идеална е како десерт за свечена прослава.
Состојки:
- 5 белки
- 5 лажици шеќер
- 3 лажици мелени бисквити
- 2 лажици лебни трошки
- 2 лажици какао
- 1/2 кесичка прашок за печиво
За филот:
- 20 жолчки
- 5 цели јајца
- 25 лажици шеќер
- 300 г маргарин
- 300 г мелени бисквити
- 300 мл кисела павлака
- 100 г црно чоколадо
- 100 г млечно чоколадо
- 300 г шлаг
- 300 мл кисела вода
Приготвување:
Поврзани објави
1. Изматете ги белките во цврст снег, па постепено додавајте шеќер. Кога убаво ќе се изматат, намалете ја брзината на миксерот, па додајте какао, лебни трошки, мелени бисквити и прашок за печиво. Соединете и префрлете ја смесата во плех обложен со хартија за печење.
2. Печете на 200 степени околу 10 минути. Изматете уште три идентични кори, па испечете ги. Почекајте да се оладат.
3. За филот, пенесто изматете ги жолчките и јајцата. Додајте шеќер и матете додека се удвои смесата. Сварете го филот на пареа и оставете го да се олади. Пенесто изматете го маргаринот, па додајте го оладениот фил. Сето тоа изматете го и додајте мелени бисквити, кисела павлака и сечкано чоколадо (црно и бело).
4. Изматете го крем-шлагот со минерална вода. Филувајте по овој редослед: кора, жолт фил, шлаг, кора.
Добар апетит!
ФОТО: Tesa Robbins / Pixabay