Почетна Економија “Вдоми” затоа што животот е поубав со куче

“Вдоми” затоа што животот е поубав со куче

од nenad
2 минути читај за




Денес во нашата кампања и со помош на Тони Зен му даваме видливост на Венко, на неговата приказна и долгата потрага по дом. Венко е околу 3 години во нашето прифатилиште и заради специфичноста на неговата раса е одлучено да биде задржан и да му се бара дом.
Но, 3 години подоцна и покрај интензивната потрага, никој досега не пројави интерес да го вдоми.
Венко е прекрасно куче, одлично се сложува со луѓе и заслужува да му се даде можност да биде нечиј најдобар пријател.

   

Како и сите наши кучиња така и Венко е кастриран, редовно вакциниран и прочистен од надворешни и внатрешни паразити. Споделете, за следниот што ќе застане пред неговиот кафез да биде неговиот човек, љубов и дом. Затоа што животот е поубав со куче! Во прилог Ви праќаме линк од видеото со Тони Зен:



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING