Карлеуша и Тошиќ во 2008 година направија свадба, за која се зборуваше неколку месеци подоцна…
Карлеуша денеска преку својот Инстаграм профил објави дека и официјално се разведе од сопругот Душко Тошиќ по 16 години брак.
Иако денеска ставија точка, многумина се сеќаваат дека нивната венчавка беше како од бајка. Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се венчаа на Видовдан, 28 јуни 2008 година, во луксузен хотел во Ковилов.
Иако тогаш дивата беше во седмиот месец од бременоста и ја носеше Атина, таа изгледаше беспрекорно во венчаницата.
Поврзани објави
За време на свадбата следеше еден емотивен момент, кога Јелена се фати за микрофонот и ја запеа „Зајди, зајди“, што го воодушеви нејзиниот сопруг. Набргу потоа Душко го грабнал микрофонот и на својата сакана и ја испеа „Girls love diamonds“, а потоа заедно со останатите гости скокнаа во базенот.
Фото: printskrin Youtube и prinstskrin Instagram / karleusastar