Почетна Свет Бугарско знаме во Пустец – македонската заедница реагира: Тоа е провокација (ВИДЕО)

Бугарско знаме во Пустец – македонската заедница реагира: Тоа е провокација (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за

Веењето наа бугарското знаме пред зградата на општина Пустец е провокација, вели Ефтим Митревски, потпретседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција. Настанот се случи откако бугарската влада и достави одредена помош на општината.

„Тоа е целосно провокација. Државата, надлежните органи треба да реагираат дека на овој простор се знае дека има македонско малцинство, албански државјани кои гласале за уставот на Република Албанија, ги почитуваат законите на оваа држава, признаваме две знамиња, албанско знаме и знамето во оваа област на Македонија“, порача Ефтим Митревски.

Од друга страна, градоначалникот на Пустец Пали Колевски ја поздрави донацијата и додаде дека поддршката за заедницата е добредојдена.

„Добредојдена е секоја донација која нема заднина и задкулисна која не го нарушува идентитетот на овој крај. Не ни се допаѓаат сите други“, вели Пали Колевски.

Бугарската влада денеска донираше канцелариска опрема и компјутери за новата зграда на општина Пустец.


Post Views:
175

Извор : vesnik-ilinden.com

Бугарско знаме во Пустец – македонската заедница реагира: Тоа е провокација (ВИДЕО)

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING