Почетна Убавина и здравје Бронхопротект против инфекција на дишните патишта. Ја смирува кашлицата, а делува и антиалергиски

Бронхопротект против инфекција на дишните патишта. Ја смирува кашлицата, а делува и антиалергиски

од nenad
3 минути читај за

Загадениот воздух, променливото време, големите температурни разлики помеѓу денот и ноќта, неминовно влијаат на природната отпорност на организмот. Со тоа се зголемува и склоноста кон акутни инфекции на горните дишни патишта што не прави ранливи и подложни на вируси и атипични бактерии, кои се насекаде околу нас.

А токму вирусите 90-95% се причина за појава на респираторни проблеми и инфекции на дишните патишта (нос, крајници, уво и грло). Станува збор за респираторните вируси, за вирусите на грипот А, Б и Ц, корона вирусот, а поретко се предизвикани од бактериите: Streptoccocus pneumoniae, Streptoccocus pyogenes, Haemophilus influenzae и Moraxella catarrhalis. Вирусни инфекции кои ги напаѓаат горните дишни патишта, и кои доколку не се превземе нешто навреме, особено кај децата, лесно се спуштаат и на долните дишни патишта (бронхиите или белите дробови).

Иако најосетлива категорија се децата, вирусите не ги одминуваат ниту возрасните.

Во тој контекст е важно навременото делување, за да се спречи развој на несаканите компликации.

Треба да знаеме и дека за почестото појавување на акутните инфекции на горните респираторни патишта придонесува и подолгиот престој во затворени простории со поголем број луѓе, недоволно проветрените простории со сув и топол воздух, како што се на пример детските градинки, училиштата, работните места, кината, средствата за јавен превоз и слично.

И ако повеќето луѓе не се мачат со покачена телесна температура, во најмала рака чувствуваат замор, слабост, поспаност, грозница, немир, раздразливост, главоболка, болки во мускулите и зглобовите, намален апетит, предизвикани од вирусните инфекции на дишните патишта. Кај некого предизвикуваат дури и сува и иритирачка кашлица, задишаност, преминувајќи во акутно воспаление на белите дробови (бронхопневмонија и плевритис), оставајќи трајни здравствени последици.

Во овие услови кога спречувањето на инфекциите на дишните патишта се наметнува како здравствен приоритет, докторите и пулмолозите препорачуваат хербални решенија кои се базираат на природни состојки. Едно од нив е Бронхо протект додаток во исхраната уникатна комбинација на билни екстракти (екстракт од Реиши, Цитрусни биофлавоноиди, црно семе, рузмарин, кинески тегавец, куркума и витамините Ц и Д) кој ефикасно помага во заштита на белите дробови, го олеснува дишењето и ја одржува функцијата на респираторниот систем. Може да се купи во продажните центри на Натура терапи, како и во аптеките.

Се препорачува и за деца над 3 години, како превентива, има противвоспалителен ефект и го подготвува организмот да биде поотпорен на сите потенцијални инфекции. Ги проширува дишните патишта, овозможува полесно да се искашла секретот, делува антиалергиски, а има и антиоксидативно дејство, информира Д-р Докиќ.

Тој додава дека паралелно треба да внимаваме на здравата исхрана – внесување на доволна количина на течности, продукти богати со витамини, минерали, продукти кои содржат растителни влакна, како и продукти кои содржат малку маснотии, шеќери и вештачки ароми, и навремена употреба на хербални додатоци како БРОНХО ПРОТЕКТ.

Важна улога има и физичката активност, доволно сон и редовна прошетка на свеж воздух.

Антибиотици – кога?

Мораме да знаеме дека примената на антибиотиците во лекувањето на акутните некомплицирани вирусни инфекции на дишните патишта е неоправдана. Антибиотиците се применуваат за лекување на компликациите на вирусните инфекции (синузитиси и отитиси) и за лекување на стрептококната ангина.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING