Британскиот парламент денеска гласаше за нов закон со кој ќе се легализира потпомогнатото умирање.
Британските медиуми пренесуваат дека законот се однесува на терминално болните луѓе кои сакаат да стават крај на својот живот со помош на медицински персонал.
По расправата во Долниот дом на Парламентот, „за“ законот гласаа 330 пратеници, а „против“ 275.
Лабуристичката пратеничка Ким Ледбетер, која го претстави предлог-законот, рече дека очекува процесот да потрае најмалку уште шест месеци пред законот конечно да биде усвоен. сд/фото:МИА архива .
Извор: МИА