42
Во Ургентниот центар во Белград бил примен Б.Ф. (27) со тешки повреди опасни по живот кои ги добил, најверојатно, при пад од тераса на хотел во центарот на градот, дознава „Телеграф.рс“. Станува збор за државјанин на Велика Британија кој во Србија дошол како турист.
Првите резултати од истрагата укажуваат дека се работи за несреќен случај. За случајот е известено и надлежното обвинителство и наложено e да се прибават сите докази.