Почетна Економија Бојмацалиев: Од 2017 година наваму полицијата професионално ги спроведува изборите

Бојмацалиев: Од 2017 година наваму полицијата професионално ги спроведува изборите

од nenad
2 минути читај за




Денеска (08.05.2024), дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, го оствари своето демократско право на глас во Куманово. „Штотуку го извршив моето граѓанско право, гласав на Претседателски и Парламентарните избори. Она што можам да го увидам е дека на гласачките места гласањето се одбива нормално, нема поголеми гужви, полицијата е присутна на терен. Иминатите 100 дена на техничка Влада ги посетив сите полициски станици ширум државата, констатиравме дека полицијата е подготвена, изборите ќе се одржат безбедно, а граѓаните ќе го дадат својот глас слободно”, истакна Бојмацалиев во изјава за медиумите. Притоа, тој сподели информации за текот на изборниот процес во Куманово.

   

„На територија на Куманово немаме поголеми нарушувања на изборниот процес, има неколку пријави за пренесување на лица од едно до друго место за гласање, агитирање пред избирачко место, нешто што е вообичаено за сите избори во минатато”, рече Бојмацалиев, додавајќи дека полицијата постапува по сите пријави. „Полицијата  има постапено по тие работи, ги процесуираме, на крајот на денот очекуваме изборите да завршат безбедно и мирно. Сепак, сме земја членка на НАТО, земја која претендира кон ЕУ и е добро да покажеме и на овие избори како граѓани дека сме на добар пат, а ние како полиција од 2017 година до денеска дека професионално ги обавуваме своите службени должности”, рече Бојмацалиев.

инсерти https://www.youtube.com/watch?v=rk_p_aqZapw

изјава https://www.youtube.com/watch?v=cBI1e2x7lus



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING