Има незадоволство од почетокот на работата на новата влада во овие први 100 дена, истакна пратеникот на СДСМ Благој Бочварски во емисијата Топ тема на телевизија Телма. Бочварски нагласи дека тоа е пред се поради неисполнетите ветувања, погрешните политики и напуштањето на стратешките правци, членството во ЕУ, што е недозоливно и незаимисливо за една дражава како Македонија.
-Претставниците на владата беа во Брисел со нов предлог и сега тоа повеќе не се дискутира, се напушта процецот на евроинтеграција што е навистина нешто што не смееше да се случи. Сега гллавно прашање, на кое ние сите, а пред се граѓаните треба да го имаат одговорот е каде ќе не води оваа влада?, рече Бочварски. Тој нагласи дека од владата се слушаат само изговори, и тоа не само денеска, туку и во изминатите 100 дена.
– ВМРО-ДПМНЕ фуризоно ветуваше во предизборната кампања, а не испорачува резултати за повисок животен стандард, повисоки плати итн. Во изминатите седум години пред доаѓање на власт на ВМРО-ДПМНЕ просечната плата перманентно растеше, а во овие први 100 дена прв пат има пад на просечната плата за 1000 денари.
ВМРО-ДПМНЕ во кампањата Македонија горда или Македонија твоја ветуваше намалување на дефицитот од 3%, а, со унгарскиот заем го зголеми на 4,9%, ветуваше намалување на јавниот долг од 55%, а го зголеми на 65%., порача пратеникот на СДСМ Благој Бочварски во емисијата Топ тема на телевизија Телма. Денеска е конечно дојдено време кога владата треба да влезе во чевлите на владејачка партија и да ги решава проблемите на граѓаните. Не се веќе во опозиција и мора да водат грижа за граѓаните, рече Бочварски.