Почетна Економија Борел повика на глобална акција за ставање крај на човечката трагедија во Појасот Газа

Борел повика на глобална акција за ставање крај на човечката трагедија во Појасот Газа

од nenad
1 минути читај за

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, повика на глобална акција „за ставање крај на човечката трагедија што се случува во Појасот Газа“.

Тој ја нагласи „итната потреба да се почитува меѓународното хуманитарно право во Појасот Газа“, пренесува Ал Џезира.

„Потписниците на Женевската конвенција имаат правна одговорност да обезбедат почитување на меѓународното право од сите инволвирани страни.

Наша должност е да ги заштитиме цивилите и човековите права и крајно време е да дејствуваме по ова прашање“, рече Борел.

Според него, премалку информации доаѓаат од северниот дел на Појасот Газа, што укажува на катастрофален број убиства, уништувања и глад, покрај принудното раселување на цивилите.

„Целото население е под бомбардирање, опсада и ризик од глад и е принудено да избира помеѓу раселување или смрт“, предупреди Борел. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING