Почетна Македонија Бордот на LLPA (Leading Learning Partners Association), Асоцијација на водечки ИТ тренинг центри неделава имаше состанок во Манама, Бахреин

Бордот на LLPA (Leading Learning Partners Association), Асоцијација на водечки ИТ тренинг центри неделава имаше состанок во Манама, Бахреин

од nenad
2 минути читај за




Бордот на LLPA (Leading Learning Partners Association), Асоцијација на водечки ИТ тренинг центри неделава имаше состанок во Манама, Бахреин. Теми за разговор беа: глобалната соработка со Микрософт за вештини за вештачка интелигенција и проектите кои ЛЛПА ќе ги имплементира глобално, растот и развојот на Асоцијацијата, други вендори со кои веќе соработуваме, но и ќе соработуваме, претстоечката средба на водечките луѓе од Индустријата на ИТ образование.

   

ЛЛПА ги поставува стандардите глобално, а јас како еден од петте членови на бордот, ја имам честа, но и одговорноста, да придонесувам активно во моменти кога светот на ИТ вештините се менува интензивно заради сеприсутната АИ.
Перфектен домаќин ни беше Ahmed ALHujairy и Thinksmart, водечка компанија за ИТ образование во Персискиот залив. Бахреин е модерна, напредна земја, исклучително бизнис ориентирана, со бесплатно образование, здравство и housing (можност да се земе плац или куќа од државата).

Растат во број на жители, од морето прават остров, се поврзуваат со прекуморски автопати со останатите богати соседи, пример Саудиска Арабија – целта е раст на економијата, на земјата, на бизнисот. Бахреин е првата арапска земја која ја има донесено Формула 1, уште пред 20 години. Интересно, занимливо чувство, да се види и доживее!



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING