Уморни, тешки, болни и отечени нозе се проблем за половина од возрасната популација во светот
На осмата регионална конференција за жени Профемина 2024 , која се одржува на 22 ноември во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, во рамките на четвртата студија на случај „Болки во нозете? Не игнорирајте ги симтомите, дејствувајте веднаш!“ зборувавме за ризик-факторите, превенцијата и третманот на оваа состојба.
Милена Ѓошевска, фармацевтка и сениор бренд-менаџер во КРКА – Скопје ги праша своите соговорнички д-р Елена Петковиќ, специјалист трансфузиолог, Институт за Трансфузиона медицина Скопје и д-р Христина Брешковска, специјалист дерматолог, УК за Дерматологија Скопје колку е важно рано да се почне со третманот за да се спречи неговата прогресија.
„Дури 60-80 % од возрасното население се соочува со венска болест. За среќа, најголем дел од нив се соочуваат со лесни симптоми од раниот стадиум на оваа болест, но подоцнежните стадиуми можат да бидат животозагрозувачки. Целта на оваа дискусија е да ја подигнеме свеста за овој проблем“, Милена Ѓошевска ја отвори оваа дискусија и го постави прашањето дали проширените вени се само естетски проблем.
Д-р Елена Петковиќ појасни дека оваа појава може да доведе до сериозни воспаленија.
„Проширените вени не се само естетски проблем. Тоа е хронично заболување што го опфаќа целиот венски систем.“
Дали е мит или вистина дека ова заболување ги афектира само жените, појасни д-р Христина Брешковска и откри кои се најголемите ризик-фактори.
„Апсолутно е мит дека само жените имаат проширени вени. Иако се во помал процент, и мажите страдаат од овој проблем, само тие најчесто помалку се грижат за своите нозе. Најчестите ризик-фактори се генетските предиспозиции во комбинација со возраста, полот, бременоста, зголемената телесна тежина, седентарен начин на живот, недоволна физичка активност. Не можеме да влијаеме врз генетиката, но можеме да се погрижиме за другите ризик-фактори.“
Поврзани објави
Докторката укажа и дека најважно е да се третираат најраните фази на хроничната венска болест.
„Во првите стадиуми нема видливи знаци, потоа се појавуваат мали синовиолетови вени. Многу е важно уште тогаш да се започне со терапија и да се дејствува веднаш. За таа цел, се препорачува лекот Flebaven кој ги намалува отоците, ги намалува воспаленијата, ја подобрува лимфната дренажа и ги подобрува својствата на крвта, а со тоа влијае врз главниот проблем, односно венскиот притисок.“
Како да ја намалиме прогресијата на венската болест, објасни д-р Елена Петковиќ:
„Промената на животниот стил е најважна: откажување од цигарите и алкохолот, зголемување на физичката активност, умерено носење високи потпетици и избор на удобни и практични обувки. Придружно, може да се користат и локални гелови и масти.“
Д-р Христина Брешовска се надоврза дека локалните гелови дејствуваат само површински и не ја спречуваат прогресијата на венската болест. Поважна е системската терапија со соодветен лек како Flebaven.
Каква е поврзаноста помеѓу бременоста и менструалниот циклус и проширените вени? Д-р Елена Петковиќ одговори:
„Главниот причинител на појава на болка за време на циклусот е прогестеронот, а токму тој доведува до олабавување на венскиот ѕид, што го дава тоа чувство на тежина во нозете. Од друга страна, пак, иако прогестеронот е најголемиот заштитник во целата бременост, сепак, влијае и врз целиот венски систем што предизвикува цела низа на промени и компликации.“
На крај, Моника Ѓошевска потенцира дека Flebaven од Крка е природен лек кој ефикасно ја третира венската болест, а оваа година Крка ја лансираше и апликацијата Флеби, каде што може да се прочитаат многу корисни информации за овој проблем, но и да добиете совет дали вашиот проблем изискува лекарска помош. Потоа, следуваше извлекување на среќните добитници во лотаријата, кои добија вредни подароци од Крка.