Пејачката Андреана Чекиќ ја крсти ќерката на својот пријател и колега Дарко Лазиќ, а по свечената церемонија кумата се обрати со трогателна порака.
Вчерашниот ден беше многу важен за пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина. Лазиќ ја крстија ќерката Срна во црквата во Брестач, а за кума ја избраа пејачката Андреана Чекиќ.
Церемонијата помина во емотивна атмосфера, а Андреана на својот Инстаграм профил сподели фотографија.
Боже, ти благодарам за сите убави денови“ – напиша Андреана и додаде емотикон со црвено срце.
Семејството Лазиќ ја сокри од јавноста крштевката на својата ќерка, а семејството и најблиските пријатели ги собра на интимна церемонија. Откако се крсти малата Срна, гордите родители се пофалија на својот Инстаграм.
Поврзани објави
Катарина Лазиќ неодамна раскажа како минуваат првите месеци со бебето во домот и дали Дарко и помага.
На Дарко му оди одлично, но не очекував ништо помалку. Кога станува збор за менување пелени, тој не е од оние луѓе на кои им се гади. Ни се чини дека Срна личи на Дарко, но сепак е мала, па не сме сигурни“ – изјави Катарина.
Фото: printskrin Youtube/HYPE TV
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: