Почетна Македонија Блинкен потврди дека САД одобриле употреба на американско оружје за напади врз Русија

Блинкен потврди дека САД одобриле употреба на американско оружје за напади врз Русија

од nenad
1 минути читај за
По состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО во Прага Блинкен изјави дека американскиот претседател Џо Бајден го одобрил потегот откако Украина побарала одобрение да користи американско оружје за да ја нападне Русија откако руските сили во послендите неколку недели ги засилиле нападите врз градот Харков во североисточна Украина, пренесуваат британските медиуми.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно потврди дека САД и дозволиле на Украина да користи американско оружје на територијата на Русија.Во интервју за „Гардијан“ Зеленски кажа дека компромитирачкиот став на Белата куќа чини животи и го повика Бајден да ја надмине својата трајна загриженост за можна нуклеарна „ескалација“ со Русија.

   

„Политико“ претходно, повикувајќи се на добро информирани извори, објави дека американската администрација и дозволила на Украина да користи оружје од американско производство во нападот на Русија, но само во близина на областа Харков.Рускиот претседател Владимир Путин пред три дена ги предупреди западните земји дека ќе претрпат „тешки последици“ доколку дозволат Украина да користи западно оружје во нападите на руска територија, а истото денеска го стори и заменик секретарот на рускиот Совет за безбедност и поранешен претседател и премиер на Руската Федерација, Дмитриј Медведев

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING