Почетна Економија Битиќи: Сценариото во кое ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ си ги билдаат рејтинзите не нуди ништо на граѓаните

Битиќи: Сценариото во кое ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ си ги билдаат рејтинзите не нуди ништо на граѓаните

од nenad
2 минути читај за




„Го осудуваме однесувањето на ВМРО и на ДУИ во нивното препукување, затоа што сме го гледале тоа сценарио. Тоа е сценарио во кои едните го билдаат рејтингот на другиот, а во суштина никој не нуди ништо на граѓаните“ рече вицепремиерот и коносител на листата во ИЕ2 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Фатмир Битиќи во дебатата на „Само вистина“ со пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска.

   

Тој додаде дека СДСМ ја прими пораката на граѓаните и дека доблесно е по примањето на таа порака да се промени, бидејќи ако не се промени нешто е проблематично.

„Ние ја добивме пораката дека не може да зборувате за ЕУ без европско донесување, вклучувајќи на наши и на функционери кои доаѓаат од други политички партии, а се дел од коалицијата. Затоа рековме дека веројатно една од цените која што ја плаќаме е токму таквото однесување“ рече Битиќи.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING