Почетна Економија Битиќи: Над 75 проценти од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Битиќи: Над 75 проценти од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

од nenad
1 минути читај за

Пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер Фатмир Битиќи праша кој е планот и алтернативата на Владата понатаму за интеграција на државава во Европската Унија по одлуката од Брисел за одвојување од Албанија „на европскиот пат“.

Одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес-конференција, Битиќи рече дека во сите анкети – над 75 проценти од граѓаните велат дека се за членство во ЕУ и дека политичарите имаат обврска да носат одлуки за да одговорат на нивното очекување.

-Владата треба да каже кој е нивниот план.   На власта беше да ги подобри условите како што ветуваше.

И сегашната партија ВМРО-ДПМНЕ нема добиено повеќе од 25 отсто од вкупниот број граѓани на изборите. Легитимитетот на изборите не мора да значи дека се носат добри одлуки.

Но, и да прифатиме дека е тоа така, нивно беше да ги сменат условите. Да го сменат и Францускиот предлог, да ја сменат и Преговарачката рамка, и да го вратат името.

Очигледно гледаме сценарио во кое, за жал, продолжува стариот манипулативен приод на оваа гарнитура, да изманипулираме што можеме за избори, а после кога ќе ја добиеме власта ништо од тоа не важи, рече Битиќи.

Додаде дека во седмицата што претстои изминуваат 100-те дена од формирањето на Владата и дека на следните пратенички прашања власта треба „да дојде со план каде ќе се движи Македонија во наредните години, кога е очигледно одвојувањето на европскиот пат од другите земји“.

хс/лв/Фото: МИА архива     .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING