Почетна Македонија Битиќи демантира: Не одам никаде, останувам во СДСМ

Битиќи демантира: Не одам никаде, останувам во СДСМ

од nenad
1 минути читај за

-Ги повикувам медиумите како и политичките субјекти да не шпекулираат и да не објавуваат вести од типот на “неофицијално дознава…”.

   

Моето членство во СДСМ и улогата на потпретседател се вкоренети во вредностите кои ги споделувам со огромен дел од моите сопартијци. Како пратеник достојно ќе ги претставувам сите кои гласаа за нашата коалиција, а останувам и сојузник на сите кои се за искрени внатре-партиски реформи. Заедно со моите сопартијци ќе ги донесеме тие промени.
Тука сум, не одам никаде, цврсто стојам на патот на социјалдемократијата! – напиша Битиќи.

Фокус вечерва повикувајќи се на неофицијални информации објави дека се уште актуелниот вицепремиер за економија, Фатмир Битиќи, кој најави оставка од позицијата потпретседател на СДСМ по дебаклот на претседателските и парламентарните избори, ќе стане дел од ВЛЕН.Битиќи беше на врвот на пратеничката листа на СДСМ во втората изборна единица веднаш после Оливер Спасовски и стана дел од новиот парламентарен состав, меѓутоа во пакет со оставката од партиската функција не поднесе оставка и од пратеничката функција

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING