Почетна Македонија Бесплатни ранци и училишен прибор за сите првачиња од Кисела Вода

Бесплатни ранци и училишен прибор за сите првачиња од Кисела Вода

од nenad
1 минути читај за
На радоста ѝ немаше крај!

Денес, заедно со директорот на БЈБ Александар Јанев и Бојан Христовски ги поделивме бесплатните ранчиња и прибор за сите 612 првачиња од Кисела Вода.  Навистина е прекрасно чувството да се биде дел од првиот училишен ден на првачињата, кој е исполнет со многу радост и возбуда. И оваа година се потрудивме дополнително да ги израдуваме со бесплатни ранци и училишен прибор кој им е потребен за следење на наставата.

Трета година по ред, овој наш проект претставува финансиско олеснување на семејствата кои имаат првоодделенец и за кои првиот училишен ден ќе им остане во сеќавање само по насмевките и среќата на нивните деца. Образованието е најважниот столб во животот на секој човек и затоа ние, како општина и јас како градоначалник правиме сѐ на нашите ученици да им овозможиме најдобри услови да ги остварат своите потенцијали.

 Во таа насока, во текот на учебната година ќе реализираме бројни проекти кои ќе овозможат стимулативна средина и еднакви услови и можности за сите деца.

 Влогот во најмладите е влог во иднината!

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING