Почетна Економија Белгиецот Ванхојте ќе биде медијатор за отворање на патот за преговорите на земјава со ЕУ

Белгиецот Ванхојте ќе биде медијатор за отворање на патот за преговорите на земјава со ЕУ

од nenad
2 минути читај за

– Белгиецот Питер Ванхојте, на иницијатива на белгиското претседателство со ЕУ ќе спроведе проект на релација Скопје и Софија, односно ќе биде медијатор олеснувач, со кој ќе се отвори патот за уставните измени и ќе се обезбедат гаранции дека на патот на Северна Македонија до членство нема веќе да има кочници.

Ванхојте, во изјава за „Независен“, појаснува дека проектот е под капата на ЕУ, но го финансира белгиската влада која верува во користа од разговори и од правење компромиси.

Проектот што ќе го води Ванхојте ќе го менаџира и организира Европскиот институт за безбедносни студии и нема рок до кога ќе трае, односно ќе остане отворен додека не се постигнат целите.

Проектот ќе има две компоненти, од кои првата е медијаторство за односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, кое треба да ги тргне отворените прашања и да отвори пат за преговорите на земјава со ЕУ.

Втората компонента е изградба на институционален капацитет во земјата, со фокус на обука на млади политичари кои треба да го сменат начинот на кој функционира политиката во државава, односно да ја приближат повеќе до западните европски демократии.

„Мојата главна цел ќе биде да се осигура дека процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ нема веќе да се блокира“, најави Ванхојте за „Независен“, со порака дека „е отворен за сите опции, ќе ги сослуша сите барања и ќе се обиде да најде решенија“.

За почеток Ванхојте најавува дека ќе разговара со преставниците на сите релевантни политички партии во земјата за да ги сослуша нивните барања и евентуално предлози  со порака дека е отворен за каков било предлог што ќе помогне да се постигне прогрес околу деблокадата на преговорите со ЕУ и други прашања.

По Скопје, тој ќе замине на слични средби и во Софија. Ванхојте, претходно во земјава беше ангажиран како медијатор за Пржинскиот договор и  продолжи со проект во македонскиот парламент.

аа/ац/Фото: МИА архива .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING