Почетна Економија Без државници од соседството, ЕУ и НАТО на инаугурацијата на Силјановска-Давкова

Без државници од соседството, ЕУ и НАТО на инаугурацијата на Силјановска-Давкова

од nenad
1 минути читај за

Пред пет години во Скопје дојдоа тогашните актуелни претседатели на Србија, Бугарија, Албанија и на Косово – Вучиќ, Радев, Мета и Тачи. На свечениот чин на претседателската заклетва и првиот говор на Стево Пендаровски во 2019-та присуствуваа и шефовите на дипломатиите на Црна Гора и Грција.И покрај поканите во Скопје тогаш не допатуваа ниту челниците на ЕУ и НАТО, Јункер и Столтенберг.

   

На инаугурацијата се очекува присуство на претходните шефови на државата – Иванов и Црвенковски.Свеченото примопредавање во председателската вила ќе се одвива според официјалниот протокол, велат за „Трилинг“ од кабинетот на Пендаровски.

До екипирањето на идниот кабинет на Претседателот Силјановска, во еден кус период, таа ќе се потпира на кадрите од Претседателот Пендаровски.Во Кабинетот на претседателот, утре, ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.По свечената церемонија новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова и претседателот Стево Пендаровски ќе остварат тет-а-тет средба.Гордана Силјановска-Давкова ќе биде првата жена претседател на земјава.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING