Го испраќаме летото полни со впечатоци од плажа, дружење и безгрижност… Колку е убаво чувството на безгрижност! Кога сме кај чувствата, имам впечаток дека чувство на безгрижност човек денес може да почувствува само во тие неколку денови од одморот и тоа ако е доволно среќен дека сите коцки да се поклопат и сè да биде според планираното. Не сме сите толку оптоварени со грижите, на социјалните мрежи барем гледаме дека луѓето често знаат да постават некакви интересно илустрирани постови дека, понежно кажано, им е гајле за сè. Но прашање е дали е во суштина така, или станува збор за одбранбен механизам за отфрлање на притисокот од загриженоста.
А за што сè грижиме? За што не! Но ако влеземе во некоја подлабока анализа на нештата кои нè загрижуваат, најчесто се некои не дај Боже ситуации или неизвесни исходи од некакви ситуации, но главно се нешта на кои немаме како да влијаеме. Е, па тогаш, веќе го знаете мудриот совет – „не грижете се за нештата што не можете да ги смените“. Знам, лесно е да се каже, ама па сè уште не смислиле нешто поутешно мудреците, па затоа да се држиме до овој совет и да пробаме да го примениме онаму каде што можеме.
Штом ќе смислат, ние први ќе дознаеме, како ревносни следбеници на сите новитети што можат да ни го подобрат животот и, секако, ќе го споделиме со вас. Дотогаш, и во овој број на нашите страници ќе пронајдете многу новитети, инспирација, совети и препораки за поубава есен.
Поконкретно, токму грижите се причина за проблеми со менталната благосостојба, а и предизвикувачи на анксиозност, па откријте дали токму тие го нарушуваат природниот срцев ритам (стр. 68). Патувањата (стр.78) и креативноста, макар и во кујната релаксираат (стр. 84). А ако случајно се грижите како годините ќе влијаат на вашиот изглед, велат тој проблем ќе го реши биотехнолошката козметика (стр. 42).
Јас, за крај, во однос на грижите, ќе кажам нешто што ми изгледа пологично и од овој добро познат совет на мудреците на кој ве потсетив. Наместо да се грижиме за сè и сешто, добро би било малку повеќе да се ПОгрижиме за себе. За сопственото здравје, потребите и желбите. Можеби така полесно ќе се стабилизира ритамот на срцето.
Ве сакаме, Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“.
Во продолжение, прочитајте ги темите застапени во септемврискиот број.
УБАВИНА&ЗДРАВЈЕ
СЕПТЕМВРИ 2024
У&З тренд
11 Бавна мода
12 Изразете ја вашата креативност
14 Дали фитнесот е лек?
16 Нови инклузивни Барбики
18 „Виспи“ кркми
20 Пивски спа-тренд
22 Решение за драматичен поглед
У&З жени
25 ЕЛЕНА ЛУКА: „Уникатноста секогаш гарантира успех“
32 Ива Радиќ: Своја и незапирлива
36 Октај Сејди: „Најубави се жените што се познаваат себеси“
Поврзани објави
Убавина и стил
42 Биотек-убавина: Нова ера на козметиката
46 Мирисното искуство на ниш-парфемите
48 Медицински помагала за цврсто тело
50 Прифатете ги седите влакна
54 Што (не) сакам кај себе: Танкица Стојанова
56 Тренд-специјал
62 Богатство на бои
Вити и здрави
68 Анксиозно срце
72 Кеш-нерамнотежа
74 Биорасположливост: Не е важно само што јадете
76 Чоколадо: Да се јаде или не?
У&З живот
77 По патот до Сантијаго
81 Подгответе го домашниот миленик за соживот со бебе
82 Како да ги преживеете токсичните колеги?
84 Испратете го летото со вкус
90 Јанг Дади ни одговори на прашањето што го прави среќен
Колумни
34 Жана Базби: Ментално и емоционално здравје
40 Марија Лукаревска: Доволно добро
НА НАСЛОВНАТА: ЕЛЕНА ЛУКА
ФОТО: ЕЛЕНА ЛУКА