Пејачката Милица Тодоровиќ денеска за време на промоцијата на својата нова песна проговори за своето поранешно момче Петар Стругар и откри дека не ѝ честитал за новиот успех.
Таа извесно време се повлече од јавноста, а сега откри и зошто.
Поврзани објави
„Денеска ми се измешани емоциите, веќе плачев… Ја промовираме песната ’33’, тоа е мојата животна песна и со неа сакам да ја најавам новата ера на Милица Тодоровиќ и преку неа ќе дознаете зошто избегнував интервјуа толку долго и помина тоа низ што поминав… Јас бев малку депресивна, не сакам да кажам депресија, тоа беше појака фаза. Ние уметниците имаме различни периоди, воопшто ние креативците, оваа работа може да биде тешка и исцрпувачка, секогаш мора да бидеш расположен, а целиот свет ти се распаѓа однатре. Немав семејни трагедии, но тој притисок го добивате со годините и сето тоа е опишано во текстот што го напиша Браја“, изјави Милица на почетокот на разговорот.
„Имаше презаситеност, најлошо е кога се чувствуваш осамено, а има толку многу луѓе околу тебе и толку многу луѓе ги пеат твоите песни, а ти се чувствуваш уште поосамено. Ќе бидам едиствената што го кажала ова, бидејќи многумина се преправаат, користат разни опијати“, додаде Милица.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/milicatodorovicofficial/