Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е блиску до презентирање на конечен предлог за договор за ослободување на заложниците што ги држи Хамас во Газа, но рече дека не мисли оти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прави доволно за да обезбеди таков договор.
Бајден зборуваше со новинарите во Белата куќа откако израелските сили во текот на викендот ги пронашле телата на шест заложници, вклучувајќи го и Херш Голдберг-Полин, 23-годишен американски државјанин, во тунел во Газа, каде што се вели дека неодамна биле убиени од страна на палестинските милитанти на Хамас.