Насмеаниот Рос Смит и неговата 95-годишна баба се вистинска сензација на Интернет со нивните нестандардни видеа и фотосесии.
Уште од рана возраст, Рос сметаше дека неговата баба Полин е најсмешната личност што ја познавал, па дошол до идеја да му покаже на светот колку е шармантна. Момчето вели дека на почетокот сe било ново, чудно, па дури и комплицирано за неговата постара баба, но многу брзо потоа таа искрено започнала да се забавува со идеите на внукот. Видеата и фотографиите се мешавина од импровизација, но и режирана содржина и досега речиси и да нема луѓе кои не се забавуваат со нив.
Јутјуб каналот на Смит има повеќе од 2,41 милиони претплатници, додека неговиот профил на Инстаграм го следат повеќе од 2,5 милиони следбеници. Според младиот човек, сепак, виновникот за се е неговата баба, која ја поддржува секоја негова идеја – од смели костими, преку иронија на култните филмски сцени, до секакви чудни видеа.
Ви нудиме да уживате во нов дел од неверојатната хемија помеѓу баба и внук, и зошто да не добиете инспирација за забавни фотографии од нив.