Почетна Убавина и здравје „А каде да одам со децата додека некој ми шета низ куќата? Цеца откри каква понуда добила за вилата на Дедиње – Не ми се верува што им текнува на луѓето!

„А каде да одам со децата додека некој ми шета низ куќата? Цеца откри каква понуда добила за вилата на Дедиње – Не ми се верува што им текнува на луѓето!

од nenad
2 минути читај за



Колку голема ѕвезда е Цеца Ражнатовиќ доволно говори и податокот дека една инфлуенсерка од Словенија за време на посетата на Белград отишла во вилата на пејачката на Дедиња да ја слика, а потоа ја објавила на социјалните мрежи.

Цеца Ражнатовиќ неодамна откри дека е навикната многу луѓе да се сликаат и да ја снимаат нејзината куќа, а како што истакна добила дури и понуда да почне да наплаќа и за прошетка низ дворот…

Ви кажав и во претходните интервјуа дека агенциите ми нудат да ги поставам тие црвени јажиња и да ги пуштам луѓето да влезат. А каде ќе бидам со децата додека низ дома ми шетаат луѓето? Мислам, не можам да поверувам што се’ ќе им текне (се смее) – вели Цеца, а потоа продолжи:


Поврзани објави

Секако дека е големо „не“, но мило ми е, тоа само покажува дека луѓето ме сакаат, го почитуваат тоа што го работам. Девојката не кажа ништо негативно, напротив и денес доаѓаат луѓе и се сликаат пред мојот дом или го сликаат додека поминуваат. Мафтам кога ќе ги видам, кога сум надвор, но кога ме нема, ме нема. Најмногу им мафтам на папараците – изјави таа пред неколку месеци за српски „Телеграф“.

 


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING