Почетна Убавина и здравје Ајурведа – древна индиска медицина која го менува животниот стил

Ајурведа – древна индиска медицина која го менува животниот стил

од nenad
5 минути читај за

За одржување на балансот на дошите, Планет Ајурведа Македонија препорачува здрава исхрана, правилен начин на живот, користење на ајурведски билки, минерали и примена на различни ајурведски техники

Ајурведа е првата медицина во светот која потекнува од Индија, стара повеќе од 5000 години и во превод значи наука за животот – „наука за живеење“.

Ајурведата не е само едноставен систем за нега на здравје, туку е и форма на животен стил адаптиран за одржување на совршен баланс и хармонија внатре во човековото тело. Оваа древна индиска медицина користи различни техники кои комбинираат исхрана, хербална медицина, арома терапија, масажа и медитација, со цел да се врати телото во совршена рамнотежа.

Принципите на ајурведскиот третман се базираат на законите на природата што се безвременски и вечни. Според Ајурведа, секој човек е создаден од пет основни елементи кои се наоѓаат во универзумот. Тие се: земја, вода, оган, воздух и етер. Овие елементи се комбинираат во човековото тело за да формираат три животни сили или енергии, наречени доши. Ајурведата се темели врз принципот на “Три-дош” или теорија на три енергии – Вата доша, Пита доша и Кафа доша.

Секој поединец се раѓа со уникатна комбинација од трите доши, но една од нив обично доминира. Секоја од дошите контролира различни телесни функции. Тие се одговорни за физичките, биолошките и психолошките карактеристики на поединецот.

Здравјето е резултат на балансот на овие три енергии. Нивната нерамнотежа е причина за болест или за лошо здравје.

Рамнотежата на трите доши може да се наруши од неправилен начин на живот, продолжен физички и ментален стрес, лоши диететски навики и некомпатибилна храна.

За одржување на балансот на дошите, Планет Ајурведа Македонија препорачува здрава исхрана, правилен начин на живот, користење на ајурведски билки, минерали и примена на различни ајурведски техники.

 

Ајурведски прегледи – поставување на дијагноза и третман

Според Ајурведата, давањето дијагноза не е само именување на болеста, туку препознавање на нерамнотежата на трите доши. Фокусот е главно на неинвазивни методи и сеопфатна анкета за спиењето, апетитот и општата состојба. Дијагнозата се поставува со набљудување на симптомите и со барање разни знаци преку проверка на пулсот, проверка на урината, проверка на изметот, преглед на јазикот, испитување на очите, говорот или гласот, кожата, градбата на телото или општиот изглед.

По одредување на дијагнозата ајурведските доктори даваат совети за целосна промена на начинот на живот со примена на јога вежби, препорачана здрава исхрана и комбинација од хербални производи наменети за дијагностицираното заболување.

Моќта на ајурведските хербални производи

Ајурведските билки и зачини се составен дел на ајурведскиот медицински систем и се користат многу во ајурведскиот третман. Се смета дека тие го штитат телото од болести и нудат различни здравствени придобивки.

Ајурведските билки и зачини ги има и во Македонија и може да се консумираат преку хербалните производи на Планет Ајурведа – додатоци во исхрана кои се вегетаријански и 100% природни. Не содржат никакви адитиви и додатоци освен билките, немаат никакви несакани ефекти и се целосно безбедни за употреба за сите возрасти.

Овие Ајурведа производи претставуваат одличен начин за природна поддршка на здравјето, користејќи ја мудроста на древната индиска медицина во современиот живот.


Поврзани објави

7 најпознати ајурведски хербални производи и нивните здравствени придобивки

Ashwagandha –билка која го намалува стресот и анкциозноста и промовира релаксираност. Докажан имуномодулатор кој содржи големо количество на природни антиоксиданти со што помага во одржување на целокупното здравје.

Brahmi (bacopa monnieri) – во ајурведата познат како тоник на мозокот, ја подобрува меморијaта и концентрација, но се користи и за олеснување на стресот и им помага на луѓето да се фокусираат подобро во стресни ситуации. Истата за разлика од седативите кои го успоруваат умот ја подобрува менталната јасност, фокус и расположение.

Amalaki Rasayan – чист екстракт од Амла (индиска дива малина) се карактеризира со тоа што во својот состав самата билка има естремно големи количини на Витамин Ц кој помага во одржување и формирање на колаген што се наоѓа во рожницата на очите, благопријатно делува на желудникот и придонесува за здравјето на дигестивниот тракт. Покрај останатите карактеристики е многу погоден и за потикнување на имунитетот кај децата и возрасните.

Tulsi  – чист екстракт од светиот индиски босилок, автохтона индиска ароматична билка која се користи при кашлици, настинки, трески, главоболки, очните нарушувања, забните нарушувања, усните инфекции, проблеми со белите дробови, надразнет абдомен, кожни заболувања, затнат нос, бактериски и вирусни инфекции.

Arjuna – чист екстрат од кората од истоименото дрво, кој има значителни кардио заштитни и зајакнувачки особини за мускулите на срцето, го подобрува пумпањето на срцето, ја зголемува јачината на срцевите мускули, ја намалува ЛДЛ, тоталното и триглицеридното ниво на холестерол и помага при запушување на артериите и тромбоза. Овој производ е богат природен извор на коензимот Q10 – еликсир за срцето кој се користи во Ајурведата за конгестивни срцеви откажувања и заболувања. Кората од растението е богата со сапонис, природни антиоксиданти, галична киселина, елагична киселина, олигомерични проантоцианидични комплекси, фитостероли.

Curcumin (curcuma longa) – растение кое личи на ѓумбирот и во aјурведската наука со векови наназад било употребувано за здравјето на човекот. Ова билка има антибактериско и антивоспалително дејство и се користи за зајакнување на имунитетот, обезбедува здрава циркулација на крвта што е неопходна при проблемот со згрутчување на крвта.

Kaishore guggul – класична ајурведска формулација која традиционално се користи при гихт и на природен начин ја регулира болеста, употребувајќи билки берени од недопрената природа на Хималаите. Природните билки кои ги содржи овој производ ја прочистуваат крвта, помагаат во елиминацијата на токсини и го подобруваат метаболизмот.

Планет Ајурведа има преку 40 ајурведски хербални производи кои се користат како додатоци во исхраната за справување со одредени здравствени состојби. Производите може да се најдат во аптеката „Стем“ (ул. Мајка Тереза бр.32/2) и во канцелариите на „Планет Ајурведа“ (ул. Козара 68) или да се нарачаат електронски преку веб страната www.planetayurveda.mk.

ФОТО И ТЕКСТ: ПР

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING