Почетна Економија АХВ: Уништени 50 килограми небезбедна храна во Крива Паланка

АХВ: Уништени 50 килограми небезбедна храна во Крива Паланка

од nenad
1 минути читај за

                    Недоследности не се утврдени при спроведени инспекциски контроли кај пицерија и две месарници во овој град, информираат во АХВ  Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спроведоа вонредни контроли на операторите со храна во Крива Паланка и уништија педесетина килограми небезбедна храна, соопштуваат оттаму.

За утврдени недоследности пуштање во промет на небезбедна и недекларирана храна (подготовки од месо) на маркет од овој град, издадено му е решение и прекршочен платен налог, а како небезбедни уништени се 15, 6 килограми од посочените производи. „За пласирање на небезбедни производи кои не биле декларирани, решение и прекршочен платен налог издадени се и на гостилница.

Таа продавала недекларирани димени производи, замрзнати колбаси и плуподготвена замрзната храна. Како небезбедни, по потекло од овој оператор со храна, нештетно се уништени 30 килограми храна од животинско потекло. Парична казна изречена и е и на гостилница кај која со контролата е утврдено дека не поседувала санитарни книшки за извршени задолжителни здравствени прегледи на вработените. Недоследности не се утврдени при спроведени инспекциски контроли кај пицерија и две месарници во овој град“, информираат во АХВ.

Пишува: Антонија Поповска

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING