Почетна Технологија АфД исфрлена од десничарите во Европскиот парламент

АфД исфрлена од десничарите во Европскиот парламент

од nenad
2 минути читај за

   

„Групата ИД повеќе не сака да биде поврзувана со инцидентите околу Максимилијан Крах, главниот кандидат на АфД за европските избори“, велат од италијанската партија Лега. Пратеникот на Лега Марко Зани е претседател на пратеничката група на ИД. „Серијата инциденти“ околу Максимилијан Крах и германската делегација ги нарушија „кохезијата и угледот“ на групата, се вели во нацрт-резолуцијата, која ја има на увид новинската агенција АФП. Во понеделникот, француските десничарски популисти од Националното собрание (Националното движење, РН) веќе ја прекинаа соработката со АфД.

Делегацијата на АфД претходно се обиде да ја спречи одлуката и побара да биде исклучен само  нивниот прв кандидат Максимилијан Крах. – Неговото однесување не го оправдува исклучувањето на сите пратеници на АфД, порача лидерот на делегацијата Кристин Андерсон во електронска порака до извршниот одбор на парламентарната група. Предлогот беше поддржан од седум од деветте европратеници на АфД. Раководството на партијата АфД во Берлин претходно му забрани на својот главен кандидат да се појавува јавно на партиските настани. Тој потоа најави и  повлекување од сојузниот извршен одбор.  Крах за италијанскиот весник „Ла Република“ изминатиот викенд изјави дека не секој човек од СС бил криминалец.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING