Почетна Технологија Антикорупциска ќе го проверува имотот на Иљази: доставила два различни анкетни листови

Антикорупциска ќе го проверува имотот на Иљази: доставила два различни анкетни листови

од nenad
1 минути читај за

Како што појаснуваат од ДКСК, причината за тоа е што таа поднела два анкетни листови во кои го навела својот имот – едниот додека била советник во Општина Тетово, а другиот откако станала економска директорка на Клиниката за токсикологија. Но, податоците во двата анкетни листови не се идентични, а нема пријавено промена на истите во меѓувреме.

   

„Лицето Бесија Иљази на ден 14.02.2024 година до ДКСК има доставено Изјава за имотна состојба и интереси во новиот електронски систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси за функцијата в.д. организациски директор на Универзитетска клиника за токсикологија Скопје. Истакнуваме дека за функцијата советник на Општина Тетово, лицето има доставено анкетен лист на ден 03.12.2021 година, но дел од податоците не се внесени или истите се нецелосни. Во вакви случаи, ДКСК согласно член 92 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси врши проверка на вистинитоста на податоците внесени во изјавата за имотната состојба и интересите во случај кога постапува по конкретен предмет или врз основа на годишниот план за работа. Во периодот од 03.12.2021 до 03.12.2023 година, за наведеното лице немало отворено предмет за постапување, како период за можност за постапување по истиот односно за поведување прекршочна постапка против истото“ велат од Антукорупција.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING