Почетна Технологија Американската влада нема да ја намали испораката на оружје за Израел

Американската влада нема да ја намали испораката на оружје за Израел

од nenad
2 минути читај за

                     Во писмото испратено до израелската влада се бараше земјата да стави крај на изолацијата на опколениот север, каде што хуманитарните групи предупредуваат дека цивилите изгладнуваат поради воената офанзива на Израел  Американската влада нема да ја намали испораката на оружје за Израел, соопшти Стејт департментот.

САД велат дека Израел не ги прекршува американските закони за блокирање на испораките на помош по 30-дневниот рок што го зададоа, со цел Израел да го засили пристапот до хуманитарната помош во Газа, пишува Би-би-си. Официјални лица во вторникот рекоа дека Израел презел голем број чекори за да одговори на барањата за зголемување на снабдувањето во Газа, но додадоа дека мора да се постигне поголем напредок.

И покрај американските тврдења, ОН предупредија дека износот на помошта што влегува во Газа е на најниско ниво во една година. Во извештајот поддржан од ОН неодамна се предупреди дека постои непосредна веројатност за глад во северниот дел на Газа, каде што речиси не е примена помош во изминатиот месец.

Минатиот месец, американскиот државен секретар Антони Блинкен му даде на Израел 30 дена да дозволи повеќе камиони со помош да стигнуваат дневно во Газа. Тој рок истече вчера. Во писмото испратено до израелската влада се бараше земјата да стави крај на изолацијата на опколениот север, каде што хуманитарните групи предупредуваат дека цивилите изгладнуваат поради воената офанзива на Израел.

Група од осум агенции за хуманитарна помош изјавија дека условите всушност се влошиле откако е испратено писмото. Но, американската реакција покажува дека Вашингтон ќе продолжи да му доставува оружје на својот сојузник, и покрај зголемените предупредувања од хуманитарните групи за цивили кои се убиени и раселени од нападот на Израел на север.

Пишува: Антонија Јаневска

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING