Почетна Економија Американската амбасада ја истакна транспарентноста и достоинствената работа која ја покажавме во овој период, напиша Гаши по средбата со заменик-амбасадорката на САД во земјава

Американската амбасада ја истакна транспарентноста и достоинствената работа која ја покажавме во овој период, напиша Гаши по средбата со заменик-амбасадорката на САД во земјава

од nenad
1 минути читај за

Денеска имав задоволство да бидам домаќин на заменик-амбасадорката на САД во Скопје, г. Никол Варнс, г. Давид Миерс – шеф на политичкиот оддел во Амбасадата и г. Мике Кернс – советник за регионална безбедност, со кои разговаравме за актуелните политички случувања во државата, со посебен акцент на работата на Парламентот. Беше пријателска средба и изразување на признание за нашата работа во Собранието на РСМ, објави на својот фејсбук профил претседателот на Собрание, Африм Гаши.

„Изразувајќи задоволство од средбата, делегацијата од америчката амбасада ја истакна транспарентната и достоинствена работа која ја покажавме во текот на овој период на раководење со законодавниот дом во државата.

На крајот од средбата им се заблагодарив на пријателите од Амбасадата на САД за посетата и истакнав дека ние ќе продолжиме да служиме достоинствено и посветено, бидејќи тоа е наша обврска кон граѓаните и кон институцијата со која раководиме“, пишува во објавата на Гаши, пренесува Тв21.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING