Почетна Свет Албанското Специјално обвинителство заплени имот тежок 41 милион евра

Албанското Специјално обвинителство заплени имот тежок 41 милион евра

од nenad
1 минути читај за

Со запленет имот во вредност од 41 милион евра, стекнат со криминал, се пофали Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК) во Албанија. Првиот човек на обвинителството Алтин Думани изјави дека во изминатава година имале многу работа и дека испратиле до судот 53 барања за пресуда, од кои 38 барања се за корупција.

„Запленет е имот вреден 41 милион евра. Ние сме обвинители, но во никој случај не сме инквизитори. Наша работа е да истражуваме, да собираме докази и да гониме. Предвид треба да се има фактот дека многу од нашите субјекти се функционери кои ја претставуваат албанската држава“ изјави Думани.

Тој додаде дека неговиот тим од 18 обвинители завршил сериозна работа и покрај институционалните пречки.

„Тврдоглави се бројките, бидејќи живееме со организиран криминал’, вели Думани, алудирајќи на малиот број на приведени осомничени.

Според податоците кои ги сподели со јавноста само 8,5 проценти од барања за приведување на осомничени се одобрени од судот, односно 237 приведени, додека мерката притвор е доделена во 49 отсто од барањата.

Минатата година СПАК објави дека по две и пол годишна истрага е приведен заменик министер и бизнисмен за оштетување на државниот буџет за 100 милиони евра. Ова обвинителство започна со работа во 2019 година и содржи 18 обвинители со свои тимови.

Извор : vesnik-ilinden.com

Албанското Специјално обвинителство заплени имот тежок 41 милион евра

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING