Почетна Свет Албанска православна црква во врска со првиот склопен истополов брак во Албанија

Албанска православна црква во врска со првиот склопен истополов брак во Албанија

од nenad
1 минути читај за

По вторпат, во период од пет месеци, Албанската православна црква изнесува став во врска со истополовите бракови. Повод за тоа беше склопениот брак на две жени во Тирана, што се случи на 19 мај годинава. Бракот го склопи неправославен свештеник, кој со таа цел се согласил да допатува од Велика Британија во Албанија. Станува збор за прв ваков случај во Албанија.

Во продолжение следи соопштението на Албанската црква:

„Во врска со бракот на лица од ист пол, што вчера (на 19 мај 2024 г.) беше склопен во Општината на Тирана, како што и претходно се имаме изјаснето, а, исто така, и во соопштението од јануари 2024 година, автокефалната православна Црква на Албанија го држи истиот став.

На сите им е познато дека продолжувањето на човечкиот род се темели врз постоењето на два пола и врз нивното соединување. Ниту една цивилизација, религија или законски систем (Солон, Платон и др.) го нема озаконето заедничкото живеење на лица од ист пол како брак.

Противприродното не станува природно преку законски одредби. Напротив, таквиот закон го омаловажува созданието. (Таквиот закон) не претставува прогрес, туку конфликт со природниот поредок, односно уназадување.

Црквата е должна јасно да ги формулира смислата и вредноста на бракот, значењето на семејството и на раѓањето деца, согласно со нејзините свештени текстови и согласно со нејзиното вековно предание (како што беше изјавено на Светиот и Голем собор на Православната црква, на Крит во 2016 година)“.


Post Views:
54

Извор : vesnik-ilinden.com

Албанска православна црква во врска со првиот склопен истополов брак во Албанија

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING